Уште еден момент за историја: Елена Мицковска е првата жена делегат на едно Куп финале!

Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ кој мина во знакот на МЗТ Скопје е уникатен по многу детали, екипни и индивидуални.

На списокот на официјални лица за финалниот натпревар помеѓу МЗТ Скопје и Куманово се најде и една дама. Елена Мицковска е првата жена која ја добила улогата на делегат на еден ваков голем меч, како што е финалето во Купот на Македонија во машка конкуренција.

Мицковска е поранешна кошаркарка. Таа е прва жена претседател на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press