Совет за етика во медиумите: Половина од прекршувањата на кодексот на новинари во 2025 за неточно информирање

Скопје, 16.02.2026

До Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во текот на 2025 година беа поднесени 244 жалби за медиумски содржини, што е рекорден број претставки за една година. Од нив, 96 се разгледани од Комисијата за жалби и се донесени 47 одлуки (за членови на СЕММ) и 43 мислења (за медиуми што не се членови на СЕММ).

За 145 претставки е оценето дека немаат основа за разледување поради поминат рок, непознат жалител или, пак, се однесуваат на странски медиуми за што Комисијата за жалби при СЕММ нема надлежност. Најголем број од жалбите без основа за разгледување (преку 130) се однесуваа за медиумското известување за трагедијата во Кочани, главно за странски портали и телевизии. Сите стигнаа во интервал од само неколку часа, на 21 март 2025 година, што претставува уникатен случај во досегашната работа на медиумското саморегулаторно тело.

Од разгледаните претставки, прекршување на Кодексот на новинари е утврдено во 58 жалби, додека во 32 жалби е утврдено дека нема прекршувања на професионалните и етички новинарски стандарди, а шест жалби се решени по пат на медијација или со т.н „пријателско решение“ меѓу жалителот и медиумот.

Најчестите подносители на жалби, со основа за да бидат разгледани, (36), се во групата „политичари, носители на јавни функции и јавни институции“. 25 жалби се поднесени од граѓани, 22 – од организации и здруженија од граѓанскиот сектор, 6 – од медиуми или новинари, 6 – од политички партии, додека жалители од други категории имаат поднесено уште 4 жалби.

До Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во текот на 2025 година беа поднесени 244 жалби за медиумски содржини, што е рекорден број претставки за една година. Прегледот на статистичките бројки и трендови укажува на тоа дека расте довербата во медиумската саморегулација…

И во 2025, како и во претходните години, жалителите главно се поплакуваа на содржини објавени на интернет порталите – дури 78 од разгледаните 96 жалби. На печатените изданија и нивното веб-издание се однесуваат 11 жалби, на веб-страниците на телевизиите – 6 жалби и една жалба е за телевизиска содржина.

Најчесто прекршувано правило од Кодексот на новинари на Македонија и во 2025 година според статистиката на СЕММ е Членот 1 кој од новинарот бара да објавува точни и проверени информации, со застапеност на втората страна. Потоа, според честотата на прекршување следува Членот 3 – кој вели дека „новинарот ќе настојува да објави исправка, демант или одговор кога ќе биде утврдена неточност на информацијата“. На третото место според бројот на прекршувања е Членот 10 од Кодексот – кој од новинарот бара да не создава ниту преработува говор на омраза или дискриминација по која било основа.

Прегледот на статистичките бројки и трендови укажува на тоа дека расте довербата во медиумската саморегулација, односно дека се повеќе индивидуалци и организации ја користат алатката за поднесување жалба – како сопствен придонес за поквалитетни медиумски содржини и одговорно новинарство.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press