БЛАТЕЦ НА ПРОТЕСТ: НИ НЕМА ОПСТАНОК АКО СЕ ИЗГРАДИ ХИДРОЦЕНТРАЛА НА БЛАТЕШНИЦА

Блатец, 20.02.2026

Протестот на жителите на најголемото виничко село Блатец (860 жители) кој трае десеттина дена, денес кулминираше со блокада на патот Виница-Берово кај месноста Скараница. Тоа е месност каде локалниот пат од селото се соединува со регионалниот пат кој од Виница води кон Малешевијата.

Протестот на блатчани е инспириран од концесијата која му е доделана на приватен инвеститор да може да гради хидроцентрала на убавата планинска река Блатешница која, според слушнатото на протестите, за селото живот значи.

Протестантите рекоа дека овој проект е сериозна закана за природната средина, водоснабдувањето, локалната заедница и идните генерации. Нивниот протест е поради фактот дека од водите на Блатешница зависи водоснабдувањето на селото бидејќи изградбата на хидроцентрала би можела да ја намали количината на вода во селскиот водовод. Исто така хидроцентралата негативно ќе влијае и на недостигот на вода за наводнување на плодните ниви и за напојување на стоката што е извор на приходи на бројни семејства.

Од протестот беше побарано владата да ја поништи концесијата за нивната светост-река Блатешница порачувајќи на владата да го слушне гласот на народот, а не интересот на инвеститорот. Тие обвинија дека некој ја продава иднината на селото за профит на поединец.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press