Тејана Тејлор, која обожава провокативни фустани, неодамна присуствуваше на 32-то доделување на наградите SAG во Лос Анџелес, а за таа пригода одлучи да облече фустан кој привлекува воздишки и погледи.
View this post on Instagram
Станува збор за нова, подобрена верзија на таканаречената „гола облека“ која ја нагласува нејзината атлетска фигура, но, всушност, не открива никакви делови од телото – парадоксално, нели?
Таа носеше фустан со крој на сирена кој ја следи линијата на телото и ги нагласува неговите облини. Интересни се сребрените детали во долниот дел, кои му дадоа гламурозен шмек на овој стајлинг, а не треба да се изостават ниту оние во пределот на градите, кои беа вистинска оптичка илузија.
View this post on Instagram
И тука доаѓаме до терминот „гола облека“. Токму овие детали создадоа илузија дека актерката го заборавила градникот дома, а дека ги открила своите бујни гради на црвениот тепих.
Стајлингот го комплетираше со впечатлива, темна шминка, дијамантски додатоци и изглед на вистинска заводничка.
