Стабилно време денес, температури до 19 степени

Низ поголемиот дел од денот времето ќе биде ведро и пријатно, со појава на мала до умерена облачност на одделни места. Ќе се чувствува слаб до умерен ветер кој ќе дува од северниот правец. Утринските температури ќе се движат од -2 до 6 степени, додека во текот на денот живата во термометарот ќе се искачува во интервал од 13 до 19 степени.

Во главниот град ќе преовладува претежно сончево време со малку облаци. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата наутро ќе се спушти околу 2 степени. Во попладневните часови, пак, максималната температура ќе достигне приближно 17 степени.

Стабилните и сончеви услови ќе продолжат и во сабота, кога времето во најголем дел ќе биде ведро. Во деновите што следуваат, односно во недела и понеделник, се очекува постепено зголемување на облачноста, со можност за појава на слаб локален дожд и нешто посвежи дневни температури. Од вторник повторно се најавува период на постабилно време, проследено со постепен пораст на дневните температури.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press