ВЛЕН: Над 5 милиони евра инвестиции за развојни проекти во Струга

Развојот на секој град и подобрувањето на животот на граѓаните останува еден од главните приоритети на владините политики. Струга е еден од конкретните примери дека јавните инвестиции се претвораат во реални проекти кои ја зајакнуваат локалната економија и отвораат нови перспективи за развој, велат од коалицијата ВЛЕН.

Заменик-министерката за транспорт, Калтина Шаќири Зеколи, заедно со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа и заменик-министерот за земјоделство Албрим Хоџа, извршиле увид во инфраструктурните проекти што се реализираат во Струга со поддршка на Владата.

Од аспект на транспортната инфраструктура, во тек се градежни работи за изградба на туристички пат во должина од 1.500 метри, како и за подобрување на патот што води до кампот АС. Според надлежните, овие проекти ќе го олеснат сообраќајот и ќе ја подобрат пристапноста до подрачје со голем туристички и развоен потенцијал.

Преку владините повици и преку Министерството за транспорт, за Општина Струга се обезбедени над 5 милиони евра, со кои се финансираат четири инфраструктурни проекти што директно ќе придонесат за развој на општината, подобрување на инфраструктурата и зголемување на квалитетот на животот на граѓаните.

Од ВЛЕН посочуваат дека остануваат посветени преку конкретни проекти и стратешки инвестиции да го поддржуваат развојот на општините и да создаваат подобри услови за граѓаните и локалната економија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press