Кочани, 19.03.2026
Бизнисменот Благој Механџиски, создателот на фармацевтскиот гигант „Зегин“, од првиот ден на настанувањето на големата трагедија во кочанската дискотека „Пулс“ кога смртно страдаа 63 млади луѓе, на многу начини ги поддржува семејствата на починатите за колку тоа е можно полесно да ги поднесуваат последиците од трагедијата.
Меѓу другото Механџиски на семејствата ги плаќа превозот и храната за сите роднини на настраданите кои го следат судењето за ,,Пулс” во Скопје
Покрај ова човекот кој е синоним за создавањето и постоењето на „Зегин“, понуди и вработување за сите членови на настраданите во трагедијата во „Пулс“.
На годишнината од трагедијата (16 март годинава) на Здружението на граѓани ,,6 Март Кочани 2025″ формирано од членови на семејствата на настраданите во пожарот во Пулс Механџиски им додели деловни простории во Кочани во кои семејствата ќе можат да се собираат за да ги реализираат своите активности.
Да потсетиме само на фактот дека веднаш по трагичниот настан Благој Механџиски јавно објави дека ќе му ги финансира студиите и ќе му обезбеди бесплатно сместување на Јован Костадинов, средношколец од Виница за неговата огромна храброст кога без да размислува за својот живот или можните последици спаси неколку десеттици животи извлекувајќи ги повредените од опожарениот објект.
Семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“ на Благој Механџиски, му врачија благодарница за сета помош што во континуитет им ја дава на ужалените семејства.
