Минусни утрински температури, па нагло затоплување – денес времето ќе ве изненади повеќе од што мислите!
Времето во Македонија денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе бидат пониски, со минимални вредности кои на одредени места ќе се спуштат и до -4 степени, додека преку денот температурите ќе се движат во интервал од околу 9 до 16 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневната температура ќе достигне околу 15 степени.
Надлежните препорачуваат граѓаните да бидат внимателни во утринските часови поради пониските температури, додека во текот на денот се очекува пријатно време погодно за активности на отворено.
