Штип, 22.03.2026
Изградбата на браната на штипската река Отиња до овој момент е реализирана со 70 проценти, а очекувањата се дека таа во функција ќе биде ставена во 2028 година. Ова го кажа министерот за транспорт и врски Александар Николоски при неговата денешна посета на просторот на кој битолската градежна компанија „Стентон градба“ го гради овој за Штип капитален проект.
-„Изградбата на проектот брана на река Огтиња се одвива според предвидената динамика, за негова реализација има доволно средства во Буџетот. Обезбедени се 488 милиони денари од кои, до овој момент, се реализирани 311 милиони денари“, рече Николовски.
–Крајниот рок за изградба на браната е месец април 2027 година, но доколку не послужат временските услови, доколку имаме сува градежна сезона може да го завршиме езерото уште оваа година. Потоа ќе биде потребно да се наполни една година, што значи дека некаде во пролетта 2028 година овде ќе можеме да видиме едно атрактивно езеро, посочи Николоски.
Според министерот ова вештачко езеро, ќе значи многу за развој на туризмот и за целата локална економија.
– Ова е налик на Мавровското Езеро и тоа треба да го развие целиот регион и да претставува главна туристичка атракција во текот на летото за жителите на источниот дел на државата, но исто така и во текот на годината да се користи за рекреација, за развој на туризмот, да доаѓаат луѓе, и секако да се отвораат нови работни места. Езерото ќе служи и за наводнување и доколку е потребно во одредени критични периоди и за решавање на проблемот со водоснабдување, изјави Николоски.
Крајниот рок за изградба на браната е месец април 2027 година, но доколку не послужат временските услови, доколку имаме сува градежна сезона може да го завршиме езерото уште оваа година. Потоа ќе биде потребно да се наполни една година, што значи дека некаде во пролетта 2028 година овде ќе можеме да видиме едно атрактивно езеро, посочи министерот Николоски.
Министерот појасни дека со градоначалникот на Штип Иван Јорданов, разговарале и за уредување на просторот околу езерото. Круната на езерото ќе биде и сообраќајница која ќе ги поврзува населбите „Блок 77“ и викенд населбата „Суитлак“, а преку неа и со централното подрачје на градот.
-„За Штип е значајно тоа што проектот е во напредна фаза заедно со останатите проекти кои се реалиизраат преку Министерството за транспорт и врски ќе се создадат услови за развој на Штип и ќе го променат визуелно и функционално градот. Браната Отиња ќе има суштинско знечење за развојот на Штип, таа ќе влијае на регулација на водата во речното корито на Отиња, ќе има значење за развој на овој простор, ќе се развива и туризмот, дава можност за рекреација на граѓаните на Штип, но и на целиот Исток. Од она што имавме можност да го видиме денеска верувам дека Штип ќе продолжи да се развива со засилена динамика, а ќе се развива и целиот Исток. Очекуваме на следното доаѓање да видиме исполнето водно огледало што е крајна цел на овој проект, а дополнително останува со Министерството да ги планираме останатите активности овде што ќе овозможат развој во нашиот град рече Јорданов.
За одбележување е фактот дека само Општина Штип и Општина Пехчево во Источниот регион и општини кои граничат со Штип немаат вештачко езеро или „голема вода“ на територијата на својата општина. Свои езера имаат Берово, Делчево, Македонска Каменица со Виница, Кочани, Пробиштип, Свети Николе, Радовиш, Конче…Браната Отиња ќе има капацитет од три милиони метри кубни вода и по тоа ќе биде поголема од браните Гратче кај Кочани, Мавровица кај Свети Николе, Пишица кај Пробиштип и Олшана кај Делчево кои се со поскромен капацитет. На овој терен најголема е браната Калиманци со капацитет од 125 милиони кубни метри вода изградена 1969 а пуштена во функција во 1970 година со можност да наводнува 25.000 хектари обработливо земјиште на просторот од Истибани – Виничко до Каратманово во близина на Велес..
