Соиграчот на Елмас е убеден во пласман на СП: Сета почит кон Македонија, но Данска има златна шанса!
Соиграчот на Елиф Елмас од Наполи и еден од најдобрите дански репрезентативци,Расмус Хејлунд, во разговор со данската телевизија „Тв2“, рече дека воопшто не резервирал летен одмор бидејќи верува дека неговата селекција ќе оди на Светското првенство во 2026 година.
Прв противник на патот до оваа цел е токму Македонија, дуелот се игра на 26. овој месец во Копенхаген.
„Цврсто верувам дека ќе одам на Светското првенство. Затоа сè уште не сум резервирал летен одмор. Сè уште имаме златна шанса да се пласираме за Светското првенство. Имаме реална шанса. Не се соочуваме со Франција или Германија…. Го кажувам ова со сето должно почитување кон Македонија и кон евентуалните финалисти Чешка или Ирска. Но, дефинитивно мислам дека постои реална можност и треба да ја искористиме“, изјави тој.
