Комјунити Шилд натпреварот со кој секоја година се отвора новата сеозна во Англија, следново лето нема да се игра на стадионот „Вембли“. Причина, зафатеност на стадионот со концерт на The Weeknd.
Фудбалската асоцијација на Англија објави дека натпреварот во Лондон планиран за 15 или 16 август нема да биде можен поради претходно закажани настапи на канадскиот музичар. Во овој поглед, натпреварот меѓу освојувачот на Премиер лигата и победникот во ФА Купот ќе се одржи на 16 август во Кардиф на стадионот „Милениум“ (капацитет: 74.500 гледачи).
Последниот пат кога Суперкупот се играше надвор од „Вембли“ беше во 2022 година, кога се играше на стадионот „Кинг Пауер“ на Лестер Сити.
