Напаѓачот на Глазгов Ренџерс и македонски фудбалски репрезентативец Бојан Миовски, се врати во Шкотска од репрезентативните обврски порано од очекуваното за да се подготви за натпреварот во шкотската Премиер лига против Данди Јунајтед следниот викенд.
Нашиот голгетер нема започнато натпревар од Премиер лигата на Шкотска од 2 февруари против Килмарнок, па сега останува грчевито да се бори за своето место во тимот, бидејќи шкотските медиуми пишуваат дека тој е на пат да го напушти клубот на крајот на сезоната.
Поранешната ѕвезда на Абердин одигра само 20 минути во последните три лигашки натпревари за Ренџерс, каде веќе се зборува дека Миовски треба да биде продаден. Ренџерс размислува за доведување нов напаѓач по завршувањето на сеозната, а прв на списокот е централниот напаѓач на Шефилд Јунајтед, Тајрис Кембел. Наводниот интерес на клубот за договор за потпишување на договорот со Кемпбел ќе биде можна лоша вест за Миовски, бидејќи тоа би можело да го означи крајот на неговиот престој во Иброкс, пишува „Дејли Рекорд“.
