Ректорката Николиќ предупредува дека се дискредитираат универзитетите во Србија

Ректорката на Универзитетот за уметности, Мирјана Николиќ, изјави дека „најголемата победа на просветителската идеја е кога масата извикува дека знаењето е моќ“, пренесува Н1.

Во емисијата „Н1 Директно“ Николиќ ја оцени изјавата на министерот Дарко Глишиќ, како „скандалозна“.

„Она што го слушнавме од политичарите и од луѓето на одговорни позиции е на граница на здравиот разум. Не само што се шири паника, туку и медиумите кои пренесуваат информации придонесуваат за морална паника. Кога вакви информации ги пласираат носители на државни функции, има луѓе што тоа ќе го сфатат многу сериозно. Тоа не е само морбидно, туку и крајно неодговорно“, рече Николиќ.

Таа додаде дека ваквите изјави доаѓаат во момент кога универзитетите во Србија, особено државните, се борат за опстанок, не затоа што се неквалитетни, туку затоа што има сè помалку студенти.

„Сè помалку деца се запишуваат, а многумина заминуваат во странство. Ние им даваме квалитетно образование, но тие одат таму каде што мислат дека ќе им биде подобро“, потенцираше Николиќ.

Осврнувајќи се на седницата на Комисијата за образование, Николиќ изјави дека таму биле присутни ректори и министерот, но смета дека ректорите не требало да бидат дел од тој формат на разговор.

„Ректорите комуницираат со ресорниот министер. Но, имам впечаток дека министерот избегнува средби со ректорите, бидејќи за време на протестите никогаш не беше активен фактор што разговара со нас“, рече Николиќ.

Според неа, можно е крајната цел да биде уништување на државното високо образование.

„Не можам да поверувам дека некој би уништил нешто за кое е надлежен. Можеби станува збор и за обид да се дискредитира една личност, а тоа е ректорот Ѓокиќ, кој според истражувањата има висок рејтинг и доверба кај јавноста“, рече Николиќ.

Таа потсети дека ректорот Ѓокиќ од балкон им се обратил на студентите со пораката „Знаењето е моќ“, по што толпата почнала да скандира.

„Тоа е најголемата победа на просветителската идеја, кога масата извикува дека знаењето е моќ“, додаде таа.

На прашањето дали нападите се насочени кон ректорот или кон универзитетите, Николиќ рече дека целта е да се задржат актуелните позиции и да се неутрализираат противниците и сите што ја следат идејата за слободно мислење.

„Постојано се зборува за ‘блокадери’, а всушност нема ниту еден факултет што е блокиран. Ако зборуваме за безбедноста, треба да се постави и прашањето, што е со пиротехниката во парламентот“, рече Николиќ.

Говорејќи за најавата за формирање универзитет на државата и Српската православна црква, таа запраша дали не е нормално да министерот за образование е стане еден од потписниците на меморандумот.

Второ, зошто во секуларна држава се појавува идеја за ваков универзитет? И трето,  каде е стратегијата?“, праша таа, додавајќи дека државата постепено го ослабуа универзитетот.

„Тоа почна во ноември 2024 година со измените на законот што требаше да овозможат доаѓање странски факултети. Тоа е процес, како кога се рони зрно по зрно од клас. Не сакам да размислувам за тоа, но можно е еден ден да имаме држава без државни универзитети“, рече Николиќ.

Таа смета дека може да се воведе и принудна управа на Филозофскиот факултет, но прашува дали постои статистика кога министерот Глишиќ им порача на родителите да не ги запишуваат децата на „блокадерски факултети“.

„Ние живееме во симулација, на слобода, на јавен сервис, на парламентарна комисија. Тоа беше врвна симулација на демократски дијалог, од која излеговме со чувство не само на горчина, туку и на страв. Во еден момент помисливме дека можеби ќе добиеме и ќотек од луѓето што нè повикаа на разговор“, рече Николиќ.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press