Терористичка група поврзана со Иран под истрага во Македонија по напади во Европа и Скопје

Властите во Македонија спроведуваат истрага за новоформираната терористичка група „Ашаб Ал Јамин“ (HAYI), за која постојат сомнежи дека е поврзана со Иран. Според информациите објавени од платформата De Re Militari, оваа организација ја презеде одговорноста за серија антисемитски напади ширум Европа во текот на март и април.

Меѓу најсериозните инциденти за кои групата ја презеде одговорноста е подметнувањето пожар во центар на еврејската заедница и синагога во Скопје. Нападот се случи за време на велигденскиот викенд, а цел беа верските и културните објекти на еврејската заедница во главниот град.

Анализите на безбедносните служби укажуваат на тоа дека „Ашаб Ал Јамин“ е веројатно „параван-група“. Таа се појавила на почетокот на март 2024 година без претходна активност и се претпоставува дека ангажира локални криминални лица или структури поврзани со проирански мрежи за извршување вандалски чинови, палежи и други напади.

Освен инцидентот кај нас, групата се поврзува со неколку други операции во Европа:

Експертите за безбедност предупредуваат дека Југоисточна Европа, вклучително и Балканот, може да се користи како „логистичка зона“ од вакви организации. Поради послабите механизми за заштита во споредба со Западна Европа, регионот е изложен на поголем ризик од идни дејствија при евентуална ескалација на конфликтите на Блискиот Исток.

До сега нема информации за конкретни операции или апсења поврзани со оваа група во другите соседни земји, но истрагите во Скопје продолжуваат во соработка со меѓународните партнери.

Извор: 4news.mk

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press