Во Вардар „згасен“ уште еден голем пожар!

Не цветаат рози во ФК Вардар иако тимот грчевито се бори да ја врати титулата во Скопје и во просториите на „црвено-црните“. Во саботата беше победен градскиот ривал Работнички со тенки 1:0 и со неубедлива и лоша игра на избраниците на Гоце Седлоски.

Но, по натпреварот и неколку дена покасно имаше тензии на релација тренер со Диего Кастањеда. Аргентинецот бил прилично дрзок, непрофесионален и разговарал со повишен тон, и кон соиграчите, но и кон стручниот штаб. Замислен дека е Меси, бил лут поради тоа што бил седнат на клупата. А самиот треба да стави прст на глава и да се запраша што игра и каков беше неговиот учинок на дуелот со Пелистер (0:0).

Гоце Седлоски „зоврел“ во целиот тој хаос и најавил суспензија на Диего Кастањеда. Сепак фудбалерот вчера собрал храброст и по „советот од менаџерскиот тим“, им се извинил на играчите и стручниот штаб.

Не е јасно само дали им се извини и за тоа што земал плата или плати пред сите останати во клубот кои исто така биле „збеснати“ од таквиот потег на „менаџерскиот тим“, кој со поинакви очи гледа кон Аргентинците во однос на останатите играчи.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press