НБА го исфрли Дончиќ од „триото“ кандидати за МВП

НБА синоќа ги објави кандидатите кои се во потесниот избор за наградите што им се доделуваат на кошаркарите од најсилната лига во светот за достигнувања во текот на регуларниот дел од сезоната.

Најголем интерес предизвика одлуката за тројцата играчи од кои ќе се избере добитникот на најпрестижната индивидуална награда за МВП, а за истата ќе се борат Шеј Гилџес-Александар, Никола Јокиќ и Виктор Вембањама.

Бранителот на титулата Гилџес-Александар ја заврши регуларната сезона со просек од 31,1 поен по натпревар, што го прави втор најдобар стрелец во лигата. Јокиќ имаше просек од трипл-дабл од 27,7 поени, 12,9 скока и 10,7 асистенции по натпревар, и е најдобар во лигата по скока и асистенции. Вембањама имаше 25 поени, 11,5 скока и 3,1 асистенции по натпревар со 51,2 проценти прецизност во шутирањето.

Лука Дончиќ, шокантно, не е меѓу кандидатите за МВП, иако брилијантно ја одигра првата целосна регуларна сезона за Лејкерси и е најдобар стрелец во лигата со 33,5 поени по натпревар. Сепак, Словенецот ја заврши регуларната сезона со 64 настапи, еден помалку од потребниот минимум, но пред три дена сепак беше одлучено дека може да се натпреварува за наградите од НБА лигата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press