Вардар 1961 не успеа да приреди чудо и да се завери пласман на завршницата во Европската лига. Негативата од десет гола од првиот натпревар, сепак се покажа како недостижна.
Македонскиот тим имаше и водство од седум гола, но и тоа беше тешко да се одржи против францускиот тим.
Милош Валах имаше 18 одбрани, беше на ниво на задачата, тој беше мотиваторот на „црвено-црните“ во текот на целиот натпревар. Покрај бројката зад неговото име, во центарот на вниманието е неговата двојна одбрана на стартот на мечот, која дефинитивно е за најавни шпици.
