Под мотото „Придужи се на игралиштето“ вечерва, во КОТУР, започнува третото издание на студентската филмска платформа ХАЈ-ФАЈ.
Програмата за третото издание ќе започне со проекции на националната селекција на студентски филмови која брои вкупно 13 филмови.
Овој настан е во соработка со фестивалот на музика и филм Ѕирни, и е посветен на запознавање со новата генерација филмаџии од Факултетот за драмски уметности, како и колеги од останати факултети кои се пробале во филмска продукција.
13-те режисери и режисерки се Јана Голабоска, Бојана Миовска, Леона Јариќ, Мартин Темков, Борјан Гаговски, Марија Петреска, Ивона Георгиева, Никола Јовановиќ, Виктор Јовев, Теодора Најдовска, Дарко Ѓуровиќ, Михаел Каровски и Ксенија Мано.
По проекциите следува сесија на прашања и одговори со дел од присутните автори, како и музичка програма со диџеј сет на Љубен Дерибан. Влезот за сите настани е слободен.
Целосната програма и распоред се достапни на социјалните мрежи на ХАЈ-ФАЈ, Академска сцена и КОТУР. Ова издание на ХАЈ-ФАЈ е финансиски поддржано од Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а реализирано во соработка со КОТУР кафе и филм и фестивалот на филм и музика ЅИРНИ.
