Видеолотарија Касинос Австрија и годинава ја потврдува својата посветеност кон младите и спортот, преку поддршка на јубилејното петто издание на „Спортски игри Велес 2026″, една од најзначајните младински спортски манифестации во земјава.
Од 1 до 6 јуни, Градскиот парк во Велес повторно ќе биде центар на спортот, дружењето и позитивната енергија. Годинешното издание носи рекордни бројки и големи очекувања, повеќе од 700 натпреварувачи, над 100 странски учесници, како и фудбалска екипа од Турција која ќе настапи во дисциплината мал фудбал.
Особено значајна новина оваа година е воведувањето на категоријата женски фудбал, која уште пред почетокот на игрите го исполни предвидениот капацитет со шест екипи, потврдувајќи го растечкиот интерес на девојките за активно учество во спортот.
Организаторите на спортската младинска манифестација упатија благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за континуираната поддршка во реализацијата на оваа успешна спортска приказна.
