Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска во официјална посета на Македонија, каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтеграциите, регионалната соработка, безбедноста и можностите за проширување на Европската Унија.
По тет-а-тет разговорот меѓу двајцата лидери, предвиден е и состанок на владините делегации, по што ќе следи заедничка прес-конференција во Владата.
Посетата е дел од регионалната турнеја на Кошта низ Западен Балкан, во пресрет на Самитот ЕУ–Западен Балкан што ќе се одржи на 5 јуни во Тиват, Црна Гора.
…
