Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски и натаму е во фокусот на јавноста. После завршување на сезоната лидерот на Пелистер се уште нема да донесено одлука дали ќе остане во Битола или пак ќе замина надвор од Македонија.
„СпортСпорт“ дознава дека во овој момент на адресата на Кузмановски пристигнуваат број понуди, а една од нив е Фуксе Берлин. Бундес-лигашот кој е еден од учесниците на фајнл-фор завршницата во Лигата на шмпионите е сериозен во своите намери и веќе има испратено понуда до македонскиот репрезентативец.
За македонскиот бек Бундес-лигата не е непозната бидејќи во периодот од 2019 до 2013 година настапуваше за три клуба. Токму од Битола замина во Магдебург, беше дел од Хановер и Вецлар.
Кузмановски во овој момент е во Кувајт каде ќе има кратка авантура. Тој ќе настапи на претстојниот Азиски шампионат за истоимениот тим Кувајт Клуб. Овој тим ќе биде во групата Б и во првото коло ќе ги одмери силите против поранешниот македонски селектор Данило Брестовац со Ал Араби од Катар.
