Коментаторите на “СпортСпорт“: Франција и Шпанија се топ – фаворити, ќе навиваме за БиХ, последниот танц на Меси и Роналдо!
По традиција кога станува збор за нашиот медиум за секое ЕП или СП, како што е ова кое стартува денеска, и сега се погриживме да имаме свои коментатори кои и тоа како нешто значат во мак – фудбалот, како поранешни репрезентативци и фудбалери, некогашни селектори, наши познати тренери.
Мирсад Јонуз, Срѓан Захариевски, Артим Шаќири и Горазд Михаилов ќе бидат коментатори на денот на „СпортСпорт“, кои со своите коментари и видувања за нашите читатели, ќе го направат ова СП уште поинтересно.
Затоа следете го „СпортСпорт“.
За почеток 4Х6 прашања за сите четворица со цел да се “загрееме“, да ги видиме нивните очекувања, прогнози, за кого тие ќе навиваат и слично
