Бразил без Нејмар и за натпреварот со Хаити

Нејмар нема да игра и на натпреварот против Хаити на Светското првенство во 2026 година.

Според новинарката Раиса Симплисио, напаѓачот на бразилската репрезентација сè уште не се опоравил од повредата, но неговиот напредок е според планот.

Натпреварот Бразил – Хаити во второто коло од групната фаза на Светското првенство ќе се одржи во сабота, 20 јуни. Нејмар претходно го пропушти првиот натпревар на Бразил на турнирот против Мароко (1-1).

34-годишниот Бразилец е надвор од терените еден месец поради повреда.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press