Одбојкарите одат по исполнување на планот: Против Косово денеска за трета победа

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, вечерва (20 ч.) во Приштина ќе го има и петтиот настап во Европската лига 2026. По две победи и два порази на првите четири средби на двата турнира во Струмица и Глифада, момците на селекторот Јошко Миленкоски на трет турнир ќе ја бараат и планираната трета победа.

Македонија уште вчер апристигна на Косово и имаше можност да ги одржи првите тренинзи во пресрет на денешниот дуел. Миленкоски во ростерот има 13 одбојкари, со кои ќе нападне на третата победа, додека утре против Израел ќе се обидеме да направиме уште еден чекор.

Косово на првите четири одиграни натпревари не успеа да слави. Македонија во мечот влегува како апсолутен фаворит. Судии на средбата ќе бидат Италијанецот Брунели и Бугаринот Јовчев.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press