Турската фудбалска репрезентација го заврши учеството на Светското првенство по само две кола од групната фаза, а елиминацијата предизвика големо разочарување кај играчите и навивачите.
По поразот од Австралија, Турците загубија и од Парагвај (1:0), кој победи со најбрзиот гол на турнирот, постигнат во 65-тата секунда.
Капитенот Хакан Чалханоглу не ја криеше својата тага по натпреварот, а неговото појавување пред прес-конференцијата дополнително ги поттикна шпекулациите дека ова можеби е неговото последно Светско првенство во кариерата.
„Многу е тешко да се пронајдат вистинските зборови во моментов. Дојдовме тука по наши заслуги и во последните два натпревари пробавме сè. Напаѓавме, шутиравме, создававме шанси, но топката едноставно не сакаше да влезе во голот. Тие постигнаа гол со првиот удар“, рече Чалханоглу.
