Доделени признанијата „Најдоброто од истокот зa 2025 година“, наградата за животно дело за Стојан Троицки, легендарниот директор на „Макфест“
Штип, 20.06.2026
На посебна свеченост одржана синоќа во хотелот „Мајбери“ во Свети Николе, во преубав амбиент, беа предадени признинијата на 18 инстртитуции, стопански организаци и инспиративни поединци за нивните остварувања во 2025 година од значење за развојот на Источниот плански регион.

Наградата за животно дело во културата новинарите од Регионалниот актив на новинари „Исток“ му ја доделија на Стојан Троицки, едден од основачите и најдолговечен директор на фестивалот на забавна музика „Макфест“.
Наградите во другите категории им беа врачени на:
-Женски ракометен клуб „Овче Поле-Славјански“ во категоријата спорт.
-Во категоријата млади надежи во областа на ораторските вештини признанија добија Искра Постолова од Штип кај студенти, Илина Донева од Кочани, кај средношколци и Даница Лефкова од Штип од публиката.
-Во категоријата општествена одговорност признанието замина во рацете на Доброволното противпожарно друштво – Виница:
-Во стопанството за најдоброто во регионот е прогласена фабриката „Фротирка“, акционерско друштво Делчево;
-Во културата наградата за најдобро во 2025 година му е доделена на актерот во Театар Штип Милорад Анѓелов за неговата 30 годишна актерска кариера и 800 настапи на даските кои живот значат;
–Бојан Аврамовски, оперативен менаџер на хотелот Аурора ресорт и спа на Беровско езеро го подигна признанието за најдоброто во туризмот во 2025 година;
-Најдобар чувар на народната традиција е Општина Пробиштип преку манифестацијата „Зелникот на баба“ која минатата година имаше над 10.000 посетители;
–Рудник „Саса“ е добитник за најдоброто во заштитата на животната средина за 2025 година за бројните активности и донации во оваа чувствителна сфера;
-Во областа на науката признанието замина кај проф.д-р Павле Апостоловски од Медицинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ за истражување од значење за медицинската наука и заштита на здравјето на граѓаните:
Четири признанија се доделени за делување во врска со трагедијата во кочанската дискотека Пулс;
-Постхумно на Иле Гошевски, возач во кочанската Брза помош кој кобната вечер непрестано превезуваше повредени млади луѓе до болниците во Скопје, а неговото срце не можеше да го издржи притисокот од големата трагедија по што тој почина;
-На граѓанската иницијатива Суппорт – Кочани која беше експресно формирана и работеше на собирање донации за помош на повредените и семејствата на загинатите во дискотеката Пулс;
-На Општатата болница во Кочани и на Клиничката болница Штип за брзата организација и големата помош во третманот на повредените во Пулс;
-На Општинската организација на Црвениот Крст во Кочани за одличната организација на вработените и волонтерите во помошта на настраданите во пожарот критичната ноќ;
-Во образованието признанието за најдоброто во регионот замина кај Силвана Јовановска Бинова, наставничка во ООУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци, под чие менторство нејзините ученици освоија повеќе светски награди во математиката;
-Научен амбасадор на Македонија во светот е штипјанецот д-р Панче Наумов, хемичар, кој живее во Дубаи, а стана член на Европската академија на науки и е член на поголем број национални академии на науки во држави во светот.
Ова беше тринаесетта по ред манифестација во организација на Регионалниот актив на новинари „Исток“.
Настанот одлично го воде новинарите Тони Михаилов и Тања Велкова.

