Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 15 години загуби убедливо со 4:1 од селекцијата на Албанија на првиот пријателски натпревар одигран вчера.
Албанија го отвори резултатот во 22-та минута, зголеми на 2:0 во 40-та минута, по што на почетокот на второто полувреме, нашите млади фудбалери намалија на 2:1. До крајот на мечот Албанија погоди уште двапати за конечни 4:1.
Вториот пријателски натпревар на овие две селекции ќе се одигра на 24 јуни, во 11:00 часот, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
