Пехчево не сака дата центар на своја територија

Пехчево, 25.08.2026

Пехчево нема да биде првата општина во Македонија на чија територија ќе се гради дата центар. Советот на општината на денешната седница едногласно одлучи да не даде поддршка за иградба на таков центар отфрлајќи ја иницијативата.

Сите деветмина советници – петмина од ВМРО ДПМНЕА, тројца од СДСМ и еден до ЗНАМ беа едногласни дека во нивната општина нема да има дата центар.

Советниците беа единствени во ставот дека интересот на граѓаните на Пехчево мора да биде на прво место, дека ниту тие ниту било кој друг во општината има квалитетни информации во однос на инвеститорот, на една ваква инвестиција, и дека недостигаат стручни анализи, а целата постапка не била транспарентна.

Реакциите на месното население во изминатите денови кога беше лансирана информацијата за ваков можен проект беа бурни но по денешната одлука на Советот на општината се си дојде на свое место, а за тоа како во иднина ќе се одвиваат настаните по ова прашање останува да се види.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе