Признание од „Макпрогрес“ за Био Ентерпрајз за помошта при справувањето со пожарот во фабриката „Винчини“
Виница, 12.10.2026
Компанијата „Макпрогрес“ од Виница и врачи признание-плакета на компанија од групацијата „Феро инвест/Централ инвест“ во знак на благодарност за помошта која групација ја обезбеди при големиот пожар кој зафати дел од погоните на фабрика на познатиот македонски бренд „Винчини“.

Имено, веднаш по избувнувањето на пожарот, од биогасната електрана Био Ентерпрајз, лоцирана близу Свети Николе, самоиницијативно беа испратени цистерни со вода кон Виница за да помогнат во гаснењето на огнот.
На настан одржан една година по пожарот и по обновувањето на оштетените производствени капацитети, „Макпрогрес“ им оддаде признание на сите што помогнале во тие тешки моменти, потсетувајќи на значењето на солидарноста и подадената рака кога е најпотребна.
За нас, ова признание има посебна вредност, не само како израз на благодарност, туку и како потврда за важноста на меѓусебната поддршка во деловната заедница. Веруваме дека на бизнис-секторот му се потребни здрава конкуренција и успешни компании, но исто толку му се потребни солидарност, меѓусебна почит и подготвеност за помош, рекоа од Феро Инвест/Централ инвест и додадоа дека тие вредности се во интерес не само на поединечните компании, туку и на целокупната македонска економија и општеството.
Горди сме што можевме да подадеме рака и да помогнеме во момент кога помошта беше најпотребнаи им посакуваме понатамошни големи деловни успеси на нашите пријатели ,,Винчини”.
