„Сестра, брат и шахта“ на Манчевски го освои и Каиро

„Филм кој на крајот открива најголемо богатство во длабоките врски меѓу луѓето.“ „Духовит и емотивен поглед на семејството, љубовта и посветеноста, спакуван во форма на криминалистичка комедија.“

„Во фокусот на Манчевски е урнатиот систем, кој останува зад себе по неисполнетите политички ветувања“.

По триумфот во Токио, каде „Сестра, брат и шахта“, новиот филм на режисерот Милчо Манчевски победи, освојувајќи ја главната награда Гран При на Гувернерот на Токио и предизвика лавина пофалби во светските медиуми, синоќа филмот доживеа извонреден прием и на 47. Меѓународен филмски фестивал во Каиро. Филмот беше прикажан во Официјалната селекција, надвор од конкуренција, затоа што веќе се натпреваруваше во Токио.

Светската критиката го издвојува неговиот бескомпромисен режисерски пристап, жанровска иновација и извонредна актерската игра, која на оваа црна комедија и социјална критика ѝ дава човечко лице.

Во својата рецензија за филмот за Cineuropa, Susanne Gottlieb вели: „Вистинска кулминација во препознатливиот стил на Манчевски: човечките односи и трагедијата, проткаени со остра опсервација на општествените прилики и многу ироничен хумор.“

„Брат, сестра и шахта“ е духовит и емотивен поглед на семејството, љубовта и посветеноста. Подготвеноста на Малина и Виктор да направат сè што треба за взаемно да се заштитат е она што ги прави ликовите толку впечатливи и непредвидливи. Духовит и емотивен поглед на семејството, љубовта и посветеноста, спакуван во форма на криминалистичка комедија.“, пишува за Four Time Film School Dropout, Dominic La Viola.

„Мрачна комедија исполнета со остри опсервации на општествената стварност во која владее прекрасно изместена логика. Бронзените херои исчезнуваат од своите постаменти, но корупцијата и лицемерието на живите се многу потешки за отстранување. Наместо да ги прикажува своите обесправени протагонисти со сентименталност, режисерот им дава привлечна, нескротлива човечност. Распарчени општества, морална двосмисленост и поединци заробени меѓу личната борба за опстанок и колективната општествена дисфункционалност. Филм кој на крајот открива најголемо богатство во длабоките врски меѓу луѓето. „Сестра, брат и шахта“ е живописен и горчливо-сладок потсетник дека сочувството може да опстане дури и таму каде што речиси сè друго е продадено во старо железо.“, пишува Meredith Taylor за Filmuforia.

„Извонредни актерски остварувања на Сара Климоска, Филип Трајковиќ и Соња Михајлова. Во структурата на филмот вткаени се бројни инвентивни решенија. Филмот е истовремено длабок и заводлив.“, вели Debanjan Dhar во Highonfilms.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе