Пред 2.700 години во Македонија живееле жени со висок општествен статус: Нивниот накит открива древни мистерии
Пред околу 2.700 години, многу пред времето на Филип II и Александар Македонски, на територијата на денешна Македонија живееле заедници со развиени металуршки вештини, богати обредни традиции и јасни општествени разлики.
Археолошките истражувања кај Гевгелија и Валандово откриле необични бронзени предмети, богато украсени женски гробови и артефакти што сведочат за значајната улога на одредени жени во железнодопските заедници.
Особено внимание привлекуваат таканаречените македонско-пајонски бронзи, меѓу кои се среќаваат приврзоци во облик на птици, полумесечини, кружни украси и предмети со можни обредни функции.
Гроб стар 2.700 години откриен кај Гевгелија
Еден од најзначајните археолошки наоди потекнува од некрополата Милци, во близина на Гевгелија.
Во гробот 111, кој датира од периодот меѓу 700 и 650 година пред нашата ера, археолозите откриле богато женско погребување.
Покрај посмртните останки биле пронајдени бронзени белегзии, приврзоци, украсни елементи за појас, мониста и предмет што се толкува како култна палка.
