Eден многу, многу посебен ден во Штип и за Штип
Штип, 19.12.2020
Штип денес го славеше Свети Никола, Денот на градот. Денес градот на две реки Отиња и Брегалница, имаше еден посебен ден исполнет со доделување признанија, оддавање почит на револуционерот, поет и дипломат Ацо Шопов и ставање камен темелник на новиот Штип Сити Мол центар.
Делегација на Општина Штип предводена од в.д.градоначалникот Јане Миланов, советници од советничката група на СДСМ; претставници на АРМ, на боречката организација положија букети свеќе на бистата на Ацо Шопов пред Домот на култура кој го носи името на овој знаменит револуционер и поет. Буќети цвеќе беа положени и рпед спомен бистите на првоборците Васил Доганџиски и Јаким Стојков пред ОУ „Ванчо Прќе“.
Потоа во својот кабинет на в.д.градоначалникот Миланов ги прими свечено им ги врачи добитниците на орденот Свети Никола и признанијата 19 декември. Орденот Свети Никола му е доделен на д-р Михаил Данев, кој во периодот 1974-1982 година ја извршуваше функцијата претседател на Општина Штип. Данев беше и генерален директор на ЗИК „Црвена Ѕвезда“, претседател на Општинскиот комитет на ЦК на СКМ а врвот на својата политичка работа го досегна со изборот за секретар на ЦК на Македонија во 1986 година,. Која беше втора по значење функција во државата.
Во време кога Данев беше градоначалник Штип доживеа голема преобразба на сите полиња.
Признанијата 19 декември им беа доделени на д-р Кирил Барбареев, професор на Факултетот за образовни науки за неговото севкупно дело во образовниот систем на нашата држава и за неговиот придонес во создавањето нови генерации кои работат во нашиот образовен систем
Добитник на ова признание е и Мирко Наџаков, истакнат спортски работник, поранешен фудбалер на Брегалница и тренер на многу фудбалски екипи во државата, човек кој како прва личност во некогашниот СИЗ за физичка култура остави големи траги во создавањето одлични услови за развој на спортот во Штип.
Признанието 19 декември и е врачено и на Катица Жежова, крводарителка и хуманистка. Жежова досега има дарувано крв 80 пати но нејзиното хумано дело е уште поголемо како иницијатор на голем број хуманитарни акции ширум државата. Нејзино животно мото е – биди човек пред сé.
Убавиот ден беше заокружен со ставање камен темелник на Штип Сити Мол центарот на штипската компанија Дик Фагус. На настанот присуствуваа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, сегашниот и идниот градоначалник на Штип јане Миланов и д-р Сашко Николов, директорот на Клинички центар д-р Ален Георгијев, деловни партнери и соработници на ДИК Фагус.
-Штип Сити Мол е инвестициски проект кој вреди 10 милиони евра, има потенцијал да отвори 250 нови работни места и да стимулира напредок на целиот регион. Со тоа жителите, особено младите, нема да да имаат потреба да гравитираат кон главниот град туку ќе имаат можност во родното место да напредуваат и да уживаат во придобивките на современиот начин на живот карактеристичен за модерните градови каков што треба да биде и Штип, да го унапредиме во економски, општествен и културен центар, полн со живот и можности за развој. Сигурен сум дека ова што го почнуваме денеска нема да сопре само на планираното туку ќе фати свој развоен пат кој ќе нѐ одведе подалеку и повисоко од што сме замислувале. Горд сум и среќен што сте тука да нѐ поддржите на стартот на проектот и се надевам дека во уште поголем број ќе се собереме на свечено отворање на Штип Сити Мол, рече Горан Јордев, извршен директор на овој проек.