Свети Николе, 26.02.2021
Рекордни 377 учесници учествува на шестиот дел од вечерните дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова
Шестиот дел од вечерните дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова се одржа на 25-ти февруари од 21:00 часот. На дискусијата на тема „Стравови“ имаше рекорден број на учесници (377), споредено со претходните дискусии. Гости на настанот беа Александар Георгиевски, оснивач на Gotham – Travel & Events и Михаил Стевчев, оснивач на Treebanks.
Во дискусиите се обидовме да одговориме на прашањата „Зошто постои стравот?“ и „Како се справуваме со стравот?“. Гостите на дискусијата ги споделија своите искуства и стравовите кои ги имале додека ги основале своите компании, но и за време на работењето. Најважниот дел од дискусијата беше моментот на „надминување на стравовите“, при што гостите на дискусијата ги споделија своите искуства и методи за справување со стравот.
„Зошто постои стравот?“ и „Како се справуваме со стравот?“. На овие теми се одвиваше дискусијата. Учесниците ги споделија своите искуства и стравовите кои ги имале додека ги основале своите компании, но и за време на работењето. Најважниот дел од дискусијата беше моментот на „надминување на стравовите“, при што учесниците ги споделија своите искуства и методи за справување со стравот.
-По големиот интерес за „Деновите на психологијата на МСУ“, воведовме циклус на отворени предавања на МСУ. Започнавме со вечерни дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова. Првата дискусија беше бесплатна и се одржа на 3-ти декември 2020 на тема „Стоицизам – како начин на живеење во модерно време“ со околу 140 учесници, вели д-р Јордан Ѓорчев, претседател на УО на МСУ „Гаврило Романович Державинин“ Свети Николе-Битола..
Втората дискусија исто така беше бесплатна и се одржа на 17-ди декември 2020 на тема „Цртите на личноста и асертивноста“. Дискусијата се одвиваше онлајн преку платформата Zoom и траеше околу 2 часа, а имаше над 140 учесници.
Третата дискусија, како и претходните две се одржа бесплатно на 14-ти јануари на тема „Мотивација“ на која имаше околу 200 учесници.
Четвртата дискусија, исто така се одржа бесплатно на 28-ми јануари на тема „Психологија и пропаганда“. На четвртата дискусија гостин беше актерот Марјан Ѓорѓиевски.
Петтата дискусија беше бесплатна и се одржа на 11-ти февруари на тема „Благосостојба и мудрост“, а гости беа Тони Зен и Иванчо Горјанин – Сенсеи.
Седмиот и ПОСЛЕДЕН дел од овој циклус на дискусиите ќе се одржи на 11-ти март.