Караванот „Добра игра. Фер плеј“ продолжува: Lidl отвара нови можности за вработување во Штип

СООПШТЕНИЕ

Штип, 21.10.2026

Лидл Македонија продолжува со кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“ и ги поканува заинтересираните кандидати од Штип и околните населени места, да се запознаат со можностите за работа во маркетите што компанијата ќе ги отвори во овие градови. Кандидатите имаат можност да ја започнат или да ја продолжат својата професионална приказна во еден од најголемите европски малопродажни синџири, во работна средина заснована на фер однос, почит и тимска поддршка, во која секој вработен е важен дел од тимот.

На претстојните средби сите заинтересирани ќе можат лично да се сретнат со претставници на Lidl, да добијат информации за отворените работни позиции, условите и процесот на селекција, како и да аплицираат за вработување.

Средбите и интервјуата со кандидатите ќе се одржуваат секој работен ден, заклучно со 30 октомври 2026 (петок), од 09.00 до 16.00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип.

Lidl на своите вработени им нуди конкурентна и загарантирана плата, приватно здравствено осигурување, современи услови за работа и стабилна работна средина. Сите вработени работат според јасни правила и процеси и имаат можности за учење и кариерно унапредување.

Посебно внимание се посветува на подготовката на секој нов член на тимот. Новите вработени во маркетите на Lidl минуваат низ структуриран процес на воведување во работата и сеопфатна професионална обука за стекнување практични знаења и вештини. Обуката за секојдневните работни задачи ќе трае од шест до осум недели и ќе се спроведува во Македонија, со постојана поддршка во текот на целиот процес.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе