БЕРОВО: Отворени донациски сметки за семејството на Верица Белчовска, донор на органи

19.04.2021

Во Берово денес е остварена средба помеѓу градоначалникот и хуманата фамилија Белчовски од село Русиново, кои ги донираа органите на трагично загинатата ќерка Верица и спасија многу човечки животи.

Звонко Пекевски, градоначалник на Општина Берово информира дека  општината ќе ги превземее сите мерки, со кои на семејството ќе му се пружи најголемата институционална поддршка.

-Во рамките на надлежностите подготвени сме институционално да помогнеме на семејството кое го направи најголемиот можен чин во хуманоста, покажувајќи колку човек во одредени тешки моменти може да биде голем. Исто така ќе помогнеме и на повисоко институционално ниво, да ја добијат потребната поддршка, информираше Пекевски.

Заради тешката финансиска состојба, во која се наоѓа семејството Белчовски отворени се донаторски сметки, за секој кој сака да донира во рамките на своите можности.

-Апелираме во чест на врвната хуманост да и помогнеме на фамилијата на Верче. Секако дека кон оваа акција се приклучува и Општина Берово. Фамилија Белчовски се благодарни на секој кој ќе се одлучи да даде помош и поддршка, додадоа од општината, порача Пекевски.

Сметката за донација на Белчовски е на име Душана Белчовска со број МК07200003848731751 Стопанска Банка АД Скопје.

b02b03

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе