ШТИП: Советниците од опозицијата ја напуштија седницата на Советот,не им се бендисаа измените и дополнувањето во Статутот на општината
Штип, 19.05.2021
Помеѓу дваесеттината точки од дневниот ред на денешната седница на Општина Штип беше и одлуката за измена и дополнување на Статутот на Општината. Иако имаше потреба од неколку дополнувања на Статутот, однапред беше познат и фактот дека ќе се носи одлука и за промена на печатотот на општината..
Имено, иако официјалното устанвно име на нашата држава претпре промени уште на 12 февруари 2019 година, кога Владата на Македонија информираше дека од тој ден влегува во сила Преспанскиот договор, со кој се решава спорот за името помеѓу Македонија и Грција, со што Република Македонија го менува своето име од Република Македонија во Република Северна Македонија, до ден денешен Општина Штип го користеше печатото со старото име на државата.
Општина Штип се до овој момент на своите печати ја немаше додадено придавката Северна и повеќе од две години Општината го користеше стариот печат. За промена на печатот требаше да има одлука на Советот на општината која советничкото мнозинство на СДСМ и коалицијата денес ја донесе. Тоа беше причина советниците од ВМРО ДПМНЕ, уште пред отворање на расправата по тоа прашање, да ја напуштат седницата прво со изговор дека е тоа задоцнета работа, а потоа и со укажување дека тие не сакале да дадат легитимитет на носење одлуки кои, според нив, биле на штета на националниот интерес на нашата држава.
Покрај ова, советниците денес ја прифатија предлог програмата за изградба на спортска сала во населбата „8 Ноември“ со бруто површина од 1.500 метри квадратни. На четири спортски клубови им се доделени финансиски средства за нивно успешно функционирање.
Донесена е и одлука за давање под закуп на деловен простор од 72 метри квадрати во село Љуботен за кој постои интерес кај фирма од областа на здравството за отворање на амбуланта. Но, согласно законските прописи објектот ќе биде понуден на јавен тендер со почетна цена од 5.700 денари.
Советниците дадоа согласност и за зголемување на бројот на децата во групите во детската градинка „Астибо“, за што постои зголемен итнерес кај родителите.