Штип, 11.05.2022
Пешачката патека која оди покрај реката Брегалница, а зад средновековната тврдина Исар, на почетокот од летото ќе добие и патека за велосипедисти.
Ова го обзнани штипскито градоначалник Иван Јорданов.
-Распишавме тендер и ја избравме најдобрата понуда за изградба на велосипедската патека, со што се отвори можноста за реализација на овој проект кој се финансира со 10 милиони денари пари од буџетот на Општина Штип, посочи градоначалникот Јорданов.
Според првиот граѓанин на Штип, велосипедската патека била неопходност бидејќи досега на патеката наменета за пешачи многу често возеле и велосипедистви но и моторџии.
-Новата лента за велосипедисти ќе биде од населба Балканска до Ново Село. Патем, со нејзината изградба ќе го збогатиме овој простор и со нови содржини како реквизити за детски игри, парк за домашни миленици, хит парк и друго, појасни Јорданов.
На оваа патека ќе се постават и нови канделабри и значително ќе се подобри уличното осветлување со што патеката ќе биде целосно безбедна и за омилените ноќни прошетки на штипјани.