КОНГРЕС НА ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИ: ЗА РС МАКЕДОНИЈА КАКО ДЕМОКРАТСКА, СЛОБОДНА, СОВРЕМЕНА,ПРАВНА, ПРАВЕДНА , ПРОСПЕРИТЕТНА ДРЖАВА
Скопје, 18.06.202
Партијата не пензионери која во политичкиот простор на Република Северна Македонија делува седум години, во Скопје го одржа својот редовен конгрес. На Конгресот се говореше за досегашните остварувања на ПП како парламентарна партија која е во коалиција со СДСМ, како и за Програмската декларација 2020-2030 година.
Илија Николовски, на говорница
„Програмата на нашата партија промовира реформи и мерки за градење на долгорочно ујспешен државен систем кој преку сеопфатни реформи во периодот 2020-2030 година овозможува РС ММакедонија да се доизгради ,модернизира и зацврсти како, слободна, современа, правна, праведна, просперитетна, социјално избалансирана, солидарна, функционална, стабилна и интегрирана европска држава“, рече претседателот Илија Николовски кој со акламација доби нов четиригодишен мандат да продолжи да ја води Партијата на пензионери.
Според Николовски,во средиштето на Програмата на Партијата се луѓето (граѓаните) особено пензионерите и младите.
„На нив, со чесно, одлучно и доследно дејствување на политичка сцена , им обезбедуваме гаранции за политичките, економските и социјалните права, без ралика на полот,образованието, професијата, имотната состојба, националната , верската и било која друга припадност. Фундаментална заложба на Партијата се развој на демократската држава и општество на сите граѓани кои живеат во неа, држава во која човекот е на право место, а неговите слободи и човекови права се неотугиви темелни вредности, како и држава во која се негуваат и поддржуваат традиционалните семејни вредности“, порача Николовски.
На Конгресот се избрани и органите и телата на Партијата.