Штип, 24.08.2022
Планинарот Зоран Успрцов кој е роден штипјанец, а е член на Планинарскиот клуб Кораб од Скопје, деновиве го освои (искачи) планинарскиот врв Damavand во Република Иран.
Се работи за највисокиот врв во Иран и Западна Азија со надморска височина од 5.671 метри.
Успрцов беше дел од тимот составен од планинари од Србија, Бих и Северна Македонија. Групата тргна од Скопје па преку Белград продолжи за Истанбул, а оттаму до Техеран. Таа беше дел од мисијата за освојување на Иранската планина ДАМАВАНД поход кој успешно беше реализиран.
Успрцов претходно ги има освоено Мон Блан, Елбрус и Арарат во Турција