КОВАЧЕВСКИ ЗА ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ: Рударството во индустриското производство учествува со десет проценти и е клучно за економскиот развој на државата

28.08.2022

Македонските рудари денес го одбележаа својот ден. Централната прослава се одржа во Пробиштип, а на неа присуствуваше и владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски кој забележа дека во нашата држава има над сто активни рудници кои, со своите придружни објекти вработуваат над 10.000 лица.,

-Рударството е еден од најважните сектори и придвижувач на нашата економија дури и во време кога се соочуваме со една од најголемите кризи во поновата историја, истакна премиерот Димитар Ковачевски,  пред неколку стотици рудари од рудниците „Злетово“ и „Тораница“ кои се во сопственост на компанијата БулМак.

Премиерот рече дека  со повеќе од 10 проценти во вкупното индустриско производство на државата рударскиот сектор е клучен за еко номскиот и секаков друг напредок на нашата држава.  напредок. Ковачевски ја искажа својата убеденост дека и понатаму овие рудници ќе продолжат со својата активна работа, со отворање нови работни места и со одржување на високите стандарди на условите и безбедност при работа за своите вработени и заштитата на животната средина.

Премиерот посебно се осврна на работењето на рудниците „Злетово“ во Пробиштип и „Тораница“ во Крива Паланка чии рударите беа масовно присутни на прославата. Тој коснтатира дека со амбициозна стратегија и план, од состојба на стечај за краток временски период, успеале да се вратат во кондиција и да го рестартираат производството.

-Компанијата ‘Булмак 2016’, која управува со рудникот ‘Злетово’, но и со рудникот ‘Тораница’ дури и во време на криза и пандемијата е меѓу првите 30 компании во земјата според успешноста. Во целиот овој период во овие два рудника вработени се околу 800 лица, зголемено е производството и зголемени се платите на вработените во однос на претходните години“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски со награден рудар
Премиерот Ковачевски со награден рудар

Тој додаде дека во целиот овој процес на успешно работење свој придонес има и Владата, затоа што развојот на компаниите, но и инвестирањето во човечки капитал, како непроценлив работен потенцијал значи одржлив развој на општините и забрзан економски раст на земјата.

Премиерто се осврна и на фактот дека била исправена една огромна неправда за рударите која се провлекувалала со години наназад.

 На свеченоста на која беа доделени благодарници за најдобри рудари и бригади, беа присутни околу 600 рудари и раководствата од „Злетово“ и „Тораница“, министри и градоначалниците на Пробиштип и Крива Паланка

„Со законските измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што Владата ги направи во 2018 година го исполнивме долгогодишното барање на рударите. Сега во пензија заминуваат со навршување на 40 години стаж за мажи, односно 35 години стаж за жени. Тоа значи дека ако претходно рударите се пензионирале на 58 годишна возраст, по ново во пензија заминуваат на 50 годишна возраст, а во периодот од 2018 до денес ова право го оствариле 105 рудари“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека е обезбеден и континуиран раст на платите преку системски решенија, како минималната, така и просечната плата, која за месец јуни изнесува 31.869 денари.

„Во ова зголемување на просечната плата со 4,3 отсто учествува и секторот рударство и вадење на камен“, рече Ковачевски и додаде дека обезбедувањето на подобар стандард и услови за работа останува врвен приоритет.

Рудникот „Булмак 2016“ веќе доби дозвола за експлоатација и почнат е проект за отворање нов хоризонт за ископ од кој се очекуваат околу 800 илјади тони олово-цинкова руда. Изготвен е и проект за откопување 1,2 милиони тони рудни резерви од рудното наоѓалиште Плавица, а се инвестираат неколку милиони денари за инсталација на нова филтер преса за одводнување на рудниот концентрат.

На свеченоста на која беа доделени благодарници за најдобри рудари и бригади, беа присутни околу 600 рудари и раководствата од „Злетово“ и „Тораница“, министри и градоначалниците на Пробиштип и Крива Паланка.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе