Рудник БУЧИМ: Солвеј не е руска компанија, не е во сопственост на руски граѓани и нема никакви деловни односи со Русија

  • Рудникот Бучим излезе со соопштение во врска со неодамнешната изјава на Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департаментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ) и неодамнешните прилози објавени во вестите од ТВ 24

Радовиш, 30 ноември 2022 – Како одговор на неодамнешната изјава на Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департаментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ) за воведените санкции насочени кон наводното руско учество во рударскиот сектор во Гватемала, во име на Солвеј Инвестмент Груп, ДПТУ Бучим ДОО Радовиш јавно го објави ставот на Групацијата и нејзините подружници на 20 ноември 2022 година, и истиот е достапен на официјалната веб страница на рудникoт на следниов линк: https://bucim.com.mk/соопштение-во-врска-со-неодамнешната.

Како одговор на неодамнешните прилози објавени во вестите од ТВ 24, за кои истите службата за односи со јавноста на рудниците беше контактирана, уредно до телевизиската куќа беа доставени одговори и објаснување за законските рокови и процедури при спроведувањето на постапките.  Во интерес на вистината и правилното информирање на јавноста би сакале да изјавиме дека  инвеститорот моментално ја проценува ситуацијата во Бучим и Боров Дол и во наредниот период ќе одлучи дали постоечките системи за управување треба да се ревидираат. Сè до донесувањето на одлуката, со Бучим раководи вториот управител. Дмитриј Кудрајков е разрешен од функцијата управител на Бучим, како и од секаква поврзаност со Групацијата Солвеј. До телевизија ТВ 24 беше доставенa информација дека сме во  очекување на ажурираните податоци од ЦРРСМ, при што по нивното доставување ќе бидат известени. По прегледувањето на видео прилозите од вестите на Телевизија 24, на новинарите Стојанчо Мицевски и Александар Тодески со наслови „Еден од двајцата директори на рудникот Бучим на црната листа на САД“ објавен на 26.11.2022 година и „ Кудрјаков стои во Централниот регистар на Бучим, од фирмата велат дека е разрешен “ објавен на 28 ноември 2022 година, Ве молиме погледнете ги подолу изнесените фактичките корекции точка по точка.

Тврдење

Еден од двајцата директори на рудникот Бучим во Радовиш на црната листа на САД – Стејт департментот го сомничи Димитри Кудрјаков  за руско влијание и коруптивни шеми во Гватамала. Од Бучим велат дека тој е суспендиран. Официјално Кудрјаков се уште фигурира како управител на Бучим.

Одговор

Дмитриј Кудрјаков веднаш беше суспендиран на 18 ноември 2022 година, датумот кога Солвеј дозна за американските санкции. Одлуката за неговото отповикување од функцијата управител е доставено до Бучим за понатамошна обработка во Централниот регистар на Северна Македонија, чија постапка за промена трае до 5 работни дена. Соодветно на тоа, беа спроведени сите потребни постапки за неговото разрешување, а на 29 ноември беше извршена промената во Централниот регистар.

Тврдење

Дмитриј Кудрјаков е претставен како водач на руските операции на Солвеј во Гватемала, кој заедно со белоруската државјанка Ирина Литвињук со години воделе шеми за поткуп, поддршка на корупција, злоупотреба на државни средства, во кои биле вклучени политичари, судии и владини претставници.

Одговор

Повторуваме дека Солвеј не е руска компанија, не е во сопственост на руски граѓани и нема никакви деловни односи со Русија. Уште на 3 март 2022 година, Солвеј јасно го искажа својот став против војната во Украина и најави повлекување од своите единствени два инвестициски и оперативни проекти во Русија кои претставуваат помалку од 10% од глобалните операции на Солвеј.

Подружниците на Солвеј, рудникот за никел во Гватемала (CGN), фабриката за преработка на метал Пронико во Централна Америка, Гватемала (Pronico), не сè и никогаш не биле контролирани од  споменатите санкционирани физички лица. Овие ентитети и Солвеј не се во сопственост, поврзани или во соработка со претставници на руската влада.

Само еден од двајцата менаџери, кои што се санкционирани од САД, беше вработен во Северна Македонија и истиот веднаш е суспендиран на 18 ноември 2022 година, како и што е наведено погоре. Нагласуваме дека санкцијата на САД се однесува само на подружниците во Гватемала и не упатува на никаква активност во Северна Македонија. Солвеј под итно ангажираше адвокати и надворешни истражители да ги истражат наводите во санкциите и прави независна ревизија од врвот до дното и од дното до врвот на организацијата и  системите за усогласеност против корупцијата. Солвеј има нулта толеранција за мито, корупција или каков било начин на кршење на законите во државите  каде што работи Солвеј.

Вработените, службениците и директорите на Бучим и Боров Дол ја сфаќаат оваа одлука многу сериозно и веруваат во строго почитување на сите владини прописи и закони во своето деловно работење.  Преку американската адвокатска фирма Сејден Лоу Груп (Seiden Law Group LLP), ние целосно соработуваме со владата на САД. Активно се истражуваат фактите и околностите кои довеле до наводното однесување на сега веќе суспендираниот вработен поврзани со неговото санкционирање и се преземаат мерки со цел да се обезбеди целосно усогласување со санкциите и истрага за кое било од наводното однесување наведено во санкциите.

Тврдење

Од Солвеј преку Бучим, нивната подружница во Македонија за ТВ 24, велат дека Кудрјаков  од 18 ноември, кога и бил ставен на листата на санкции веќе не е во работен однос во Групацијата и нејзините подружници.

Одговор

Нагласуваме дека Солвеј Инвестмент Груп не е санкциониран  и е во тесна соработка со надлежните органи во САД во процесот за транспарентно решавање ова прашање што е можно поскоро.  Со одлука на акционерите на Бучим, Дмитриј Кудрјаков официјално беше отповикан од каква било поврзаност со Бучим, вклучително и од неговата претходна позиција на управител на Бучим. Официјалните промени во тековната состојба на Друштвото беа направени на 29-ти ноември.

Тврдење

Наведено е дека не е даден одговор на прашањето дали Кудрјаков оперирал од Македонија. (Одговор на прашањето дали Кудрјаков оперирал од Македонија, не добивме.)

Одговор

Дмитриј Кудрјаков работи во Северна Македонија од јуни 2021 година. Tој беше постојано во Гватемала и почна периодично да престојува во Северна Македонија дури од август 2021 година. Неговиот престој во Северна Македонија беше помалку од 180 дена во текот на годината.

Тврдење

Се споменува неодамнешната средба со претседателот на Стопанската комора  на Северна Македонија и претседателот на Македонската асоцијација за рударство, во врска со енергетската криза. Во наративот се споменува дека Дмитриј Кудрјаков ги водел преговорите во името на Бучим и Боров Дол.

Одговор

Засега не се презентирани докази што предизвикуваат сомнеж. Солвеј ќе го истражи секое прашање што ќе му биде доставено внимание што вклучува несоодветно однесување. Високата цена на струјата е главното прашање за сите производствени капацитети во Северна Македонија. Изнаоѓањето решение за прифатлив опсег на цени на електричната енергија во овој момент е главна задача за секоја компанија. На овој начин Бучим, како главен потрошувач на електрична енергија во производниот процес на Бучим и Боров Дол, заедно со претседателот на Стопанската комора како водечка комора во Македонија и Здружението на рударство на Македонија ги бараат сите можни решенија за намалување на цената на електричната енергија што е вообичаена практика на соработка ширум светот.

Тврдење

Публикации за историјата на истражувачката мрежа ОЦЦР и наводи поврзани со банкарски трансфери од 1,9 милијарди американски долари со естонски банки.

Одговор

Извештајот подготвен од адвокатската фирма „Клифорд Ченс“ укажува дека на почетокот Клифорд Ченс започнал да ги истражува сите сметки доделени на жители кои не се во Естонија и на оф-шор компании. Компаниите споменати во написите можеа да бидат посочени како компании со висок ризик со првичната истрага според овие критериуми. Колку што знаеме ниту една од овие компании или акционерите не беа вклучени во конечниот извештај на Клифорд Шанс.

Тврдење

Кудрајков не е непознат во рударскиот сектор во Македонија, тој бил генерален директор на рудникот САСА од 2006 година  кога сопственик на рудникот беше фирмата Солвеј  Инвестмент Груп, актуелниот сопственик на Бучим. Во земјава се враќа минатата година, како економски директор на Бучим, откако претходно бил делегиран во Гватемала, за каде е и осомничен со белоруската државјанка Ирина Литвињук воделе повеќе шеми за руско влијание, а во кое според Стејт депарментот биле вклучени  и политичари, судии и владини претставници.

Одговор

Дмитриј Кудрјаков беше назначен за управител на Бучим во јуни 2021 година. Неговата област на одговорност вклучуваше само технолошки прашања на рудникот, а тој никогаш не бил “економски директор” на Бучим. Неговата одговорност како управител на Друштвото е наведена во членовите од Законот за трговските друштва на Република Северна Македонија и е опишана во Договорот за основање на Бучим кој е јавен документ и е достапен во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе