ДА МУ ВЕРУВАМЕ НА КУБУРОТ, ИЛИ, НА, ОНОЈ, ДРУГИОТ – СО “К“ НА ПОЧЕТОКОТ И “Т” НА КРАЈОТ!?

Има една кумановска (ова нема врска со Тачета и мојот Оли!), која, отприлика, гласи вака:
Извесна момичка, вредна, паметна, поштена (сите други излегувале од дома, во време кога таа се враќала (навреме си ја завршувала работата!), се омажила среќно, ем бериќетно. Удриле тапаните, си легнале вечерта младоженците и утрото, како што доликува – црвено испрскан чаршав на балконот.
Случајно (или намерно!) поминува претходниот бабачко, застанал пред куќата, се чуди, се крсти: “ а, сак, ком да верују – к…у, или кубуру?
И, навистина, “помагајте другови”, ком да верују?
За мене, пензионерот, “дури!” 8 посто покачување – за пензијата, за Тачета и Мицка – “само” 78 посто покачување – за функцијата!?
Пред некое време, беше се собрале, група пензионери на една плоштадка, а двајца-тројца функционери, им објаснуваат како тоа покачувањето на мојата пензија било – “ИСТОРИСКО”! “несвакидашно“!!!
Еми, ако тоа е историско, дали, по истата аналогија, 78 посто е СЕЗОНСКО покачување!?
И сак, ком да верују: кубуру, или на оној, другиот, со “К” на почетокот и “Т” на крајот од зборот?
И, како тоа – за нас пензионерите “рамо до рамо” (за плачење!), а за вас функционерите – брдо шушкава волна за влачење!
(“Рамо, Рамо друже мој, дали слушаш јецај мој”!?)
А,бе, земајте ви се паднало, ама, сепак имајте усул и мерка.
Внимавајте, барем, на тајмингот. Не мора, баш, и мајтапи да терате со нас.
Што мораше, баш во исто време, мене 8, вам – 78? Или, да побрзавте, или, да почекавте еден месец. Знаете, премногу боли, кога е во исто време.
Се согласувам со Бујарчо: ако земете повеќе, ќе се намали корупцијата!!! Така е Бујарчо – на Свети Никојден!
Соодветно ќе порасте! Жими мајка ми што ја немам!
Што мораше, баш во исто време, да купуваме исти, “замрзнати!” домати: јас со 8, вие со 78 посто? Не можевте да почекате еден месец?
Знаете, премногу боли кога сме исти, а сепак космички нееднaкви?
Дури и мегу себе не се почитувате, бре. Не сте исти!
Како можеше, за сите дa има, а, само ЗА ПЕТРЕТА ДА НЕМА ЦРВЕН ЕЛЕК ЗА СПАСУВАЊЕ!? Не е Петре (ако ми извини чичко Његош) “сирак пусти, без нигде никого”?
И на крајот, последно, ама, не и помалку вaжно: што мораше, баш, со Пeтрета да не сте исти, а да сте исти со Мицка? Дури, да сте и со оној, брадестион ѓавол, кај кого Мицко е, нели, заложник.
Еј, Мицко, брате, војводо! Како бе тоа пратениците те слушаат, до еден ( и последен!) да нема уставни измени, а не те слушаат (ниту еден!) за платите?
Еј, Мицко,брате! Како бе тоа, за се очи си вадите, а кога се пари во прашање сте согласни калугери, кои, дeбело, мрсите и во петок?
Мислам за партискиот мрсен, милионски (во евриња) колач после изборите, а и за овие “ситни!” колачиња од 1.700 евриња само за плата.
Плус уште толку за патни и дневни, за евтин, а мрсен ручек во “собранискиот” и за сите други погодности?
Е, Мицко, брате! Како бе тоа за се ни продаваш магла дека не сте исти, а кога е во прашање изборниот законик сте ДИБИДУС ИСТИ!
И сак, ком да верују ( дека не сте исти), Мицко брате: к…у, или, кубуру!?
Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе