Холандска туристичка компанија посакала да купи сто стари куќи во Пехчево без оглед на нивната состојба, макар и дел од нив да се распаднати. Со каква намера излегле лалињата пред пехчевската локална власт не е познато, но дека имале добра идеја тоа е повеќе од сигурно. Сепак Пехчевци, според кажувањето на дел од населението помислиле дека сега му е мајката да заработат добри пари и побарале енормни цени за своите имоти. Холанганите на тоа дале одговор во стилот на германците – „Мало морген“ и се откажале од идејата. Практично, оваа голема идеја која во туристичка смисла може(ла) да ја препород малата општина е ставена на „стенд бај“. Тоа ќе биде така се додека не се види дали полакомените пехчевци нема да се упристојат во своите барања.