Со доделувањето на Повелбите за учество, во амбиентот на родната куќа на основоположникот на македонската литература за деца и млади, заврши, петиот по ред, Балканскио поетски камп “Ванчо Николески”.
Младите литерати од Србија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Грција и Македонија, другаруваа три дена во Охрид, Струга (заедно со учесниците на СВП}, Вевчани, Белчишта и Црвена Вода.
Таму, мештаните им приредија впечатчлива “македонска трпеза” со народни специјалитети, додека подалечниот родина на славниот соселанец и претседател на Месната заедница, Војдин Николески, ги почести со природен мед, изваден од планински пчелни семејства.
Тие, пак, како одгово, ја збогатија збирката од документи и предмети во “Спомен собата” на Ванчо Никоилески , во некогашната училишна зграда каде прославениот поет бил и прв учител.
Претседателот на ДПМ, професор д-р Христо Петрески, остави рачна машина за пишување користена од Николески, а младите учесници, портрети и работни фотографии, добиени од Киро Донев, поетот и вљубеник во својот учител, чичко Ванчо Николески.
За младите поети, впечатлив настан беше и посетата на ликовната галерија “Ѓорѓија Целески “, создавана од учесници на Ликовната колонија “Дебрца” во Белчишта, најстарата во земјата и со најголема збирка oд околу 750 дела.
Зоран Целески, син на основачот на колонијата, ликовнмиот уметник Ѓоко Целески, не штедеше време и напор да одговори на сите нивни прашања.
Синоќа, благодарение на воспоставената повеќе годишна соработка со менаџментот, и вниманието од страна на претседателката на Управниот одбор, професор д-р Елизабета Шелева, односно директорот Тодорче Тасевски, беа дел од атмосферата и чинот на одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, како и на предавањето на поетскиот портрет на лауреатот на светското признание “Златен Венец” на СВП, за 2023 година, Влада Урошеви во охридската кадедрална црква “Света Софија”.
Таму, мегу другите, ги поздрави, и им посака, еден ден, и тие да се најдат на тоа место како лауреати, претседателот на РСМ, Стево Пендароски, заедно со неговата сопруга Елизабета Ѓеорѓиевска Пендаровска.
Претседателот Пендаровски, секоја година, испраќа посебно Послание до учесниците.