Рудниците Бучим и Боров Дол ги наградија најдобрите рудари, инспиративна честитика од генералниот директор Раков
Штип, 29.08.2023
На пригодна заедничка свеченост во чиј епицентар беа рударите, рудниците за бакар Бучим и Боров Дол го прославија 28 Август, Денот на македонските рудари.
Свеченоста се одржа во кругот на рудникот Боров Дол, а на истата покрај најдобрите рудари присуствуваа и раководители на рудниците, деловни партнери и новинари кои ја следат работата на рударскиот сектор.
Одличен водител на настанот беше Ѓорѓи Калајџиев, новинар од Струмица кој со години на ред е дел од оваа преубава манифестација која го слави трудот на една од најтешките професии во светот.
РАКОВ: Поклон и почит до сите рудари! Голема чест но и голема одговорност e да се биде на чело на рудниците Бучим и Боров Дол. Предизвикот е голем, но со визија, работа и соработка со колективот заедно ќе постигаме успеси. Нека ни е честит денот на рударите! Среќно!“
Пред рударите и гостите накратко се обрати Александр Раков, генерален директор на рудникот Бучим:
„Голема чест но и голема одговорност e да се биде на чело на Бучим и Боров Дол. Предизвикот е голем, но со визија, работа и соработка со колективот заедно ќе постигаме успеси. Поклон и почит до сите рудари! Нека ни е честит денот на рударите! Среќно!“, рече Раков.
На 25 рудари од разни делови на рудниците Бучим и Боров Дол им беа врачени признанија и парични награди во износ од по 15.000 денари. Во пензија беше испратена Божанка Маневска која целиот свој работен век го поминала во рудникот Бучим. Парични награди во износ од по 3.000 денари добија и сите вработени во овие рудници.
Во чест на Денот на рударите во центарот на Радовиш се одржа голем музички настан на кој главна ѕвезда беше Каролина Гочева.