ШТИП: 100 хористи од пет хорови од Македонија и Бугарија ќе приредат спектакал во Домот на култура „Ацо Шопов“
Штип, 15.09.2023
Пет хорови од кои четири од нашата држава и еден од Република Бугарија ќе настапат во Штип во рамките на шестиот по ред интернационален фестивал на камерни хорови во организација на Здружение на граѓани „Градски хор“-Штип.
Во големата сала на Домот на култура „Ацо Шопов“, хорски изведби присутните ќе можат да слушнат од женскиот камерен хор „Керамија“ од Прилеп, „Св.Злата Мегленска“-Скопје, „Градски хор“-Штип, градскиот мешан хор „Вардар“-Скопје и женскиот камерен хор „НЕразделни“ од Ќустендил, Бугарија.
Почетокот е во 20 часот, а влезот е бесплатен.
Претходно, во 19,30 часот, пред влезот во салата, сите сто хористи ќе ја исполнат песната „Да живее музиката“.
Во Штип секогаш владее голем интерес за хорското пеење па се очекува големата сала во Домот на култура „Ацо Шопов“ да биде исполнета до последно место.