Штип и оддаде почит на Славјанка Влахчева, првата медицинска сестра во Македонија

Штип, 17.05.2024

Грандиозното хумано дело на Славјанка Влахчева (1900-1988), родена штипјанка, прва медицинска сестра во Македонија, денес, во организација на штипскиот Музеј беше претставено преку изложба која, низ фотографии, документи и новински написи беше поставена во зградата на музејот. Куратор на изложбата е историчарката Емилија Коруновска.

Славјанка Влахчева

За животот и делото на Влахчева говореа д-р Митко Штерјов, директор на Музејот и историчарката Коруновска, а за сестринството и неговото значење во здравствениот систем говореше Паце Гичева, медицинска сестра во Клиничка болница Штип, годинашен добитник на државната награда за  најхумана сестра во Македонија.

Изложбата беше под наслов „Македонско девојче во бело“, како што Славјанка Влахчева ја нарекувале во годините на нејзиниот живот и посветена работа на здравјето на луѓето. .

На отворањето на изложбата присуствуваа голем број граѓани, меѓу кои и  членови на семејството на Славјанка Влахчева, кои го донираа музејскиот материјал поврзан со животот и делото на Славјанка Влахчева, претставници на здружението „За Нас“ на медицински сестри на Македонија, медицински работници и ученици од Средното медицинско училиште во Штип.

На овој настан директорот на Музејот Штерјов ја реафирмира идејата средното медицинско училиште да се преименува од „Јане Сандански“ во „Славјанка Влахчева“.

Инаку, слвјанка Влахчева е добитник на три големи светски признанија, меѓу нив и на најголемото признание кои го доделува светската организација на Црвениот Крст, а тоа е медалот „Флоренс Најтингел“.

 

Паце Гичева
Паце Гичева

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе