Штип, 06.07.2024
Синоќа во хотелот „Мајбери“ во Свети Николе, во преубава атмосфера и преполна сала, се одржа завршниот дел од манифестацијата „Најдоброто од Истокот за 2023 година“. Овој изборот го прават новинарите од источниот регион, а годинашниов беше десетти по ред.
На настанот присуствуваше и абасадор на Јапонија во нашата држава, н.е. г-дин Казуја Оцука кој го прими признанието за Јапонија како земја-посветен донатор на развојот на регионот.
Претседателот на Управниот одбор на Меѓународниот Славјански универзитет проф.д-р Јордан Ѓорчев, на амбасадорот Оцука му поклони уметничка слика изработена од него лично.
Посебен шарм на настанот даде и нашата оперска дива, штипјанката Елена Голомеова, на која и беше доделно признанието „Најдоброто во културата“ како нашкултурен амбасадор во Европа. Голомеова ja одушеви публиката со изведбата на оперски начин на познатата македонска забавна мелодија „Чија си“.
Добитници на признанијата, покрај горенаведените се и:
-Меѓународен Славјански универзитет Свети Николе-Битола за најдоброто во образованието;
-Проф.д-р Орце Симов, за најдоброто во науката;
-Адиент Сеатинг-Штип, за најдоброто во сферата на грижата за благосостојбата на вработените;
– ДАМИПАК-Пробиштип, за најдоброто во стопанството;
-ПЗУ „Прим.д-р Самарџиски“-Штип за најдоброто во здравството;
-Доброволно противпожарно друштво Кочани за најдоброто на полето на општествената одговорност
-Планинарско спортско друштво Чупино Треил Виница, за најдоброто во планинските трки;
-Планинарско спортско друштво – Пробиштип за најхумана организација:
-Планинарско спортско друштво „Голак“ Делчево за најдоброто во планинарските спортови;
-Миле Велков, од с. Тработивиште, делчевско, за најдоброто во сферата на општествената одговорност на село:
-Радио Кочани, признание за најдоброто во медиумската сфера во Источниот регион;
-Кошаркарски женски клуб Баскет Кам, државен првак на Македонија за најдоброто во спортот во 2023 година;
-Признанието за животно дело новинарите му го доделија на Славе Сирачевски архитект на култната Аурора на Беровско езеро кој направи револуција во развојот на туризмот во регионот; а кој на 72 годишна возраст почина на почетокот од оваа година.