Дувачките оркестри го „размрдаа“ Пехчево и неговите гости за Павловден  

Пехчево,13.07.2024

Павловден е ден на Пахчево. Малата општина на истокот од Македонија со години овој ден го слави со гламурозен настап на дувачки оркестри од нашата држава и соседството. Бројна публика од градовите од Источна Македонија се гости на овој град.

Синоќа, фестивалот е отворен на Градскиот плоштад во Пехчево со настап на групите „Љубојна“ и „Брас Брадерс“, како и оркестарот на Бојан Ристиќ. Фестивалот ќе трае два дена, а денес тој продолжува со Етно саемот „Пехчевски Павловден”, како и вечерните настапи на познати балкански музички ѕвезди.

Домашни и странски културно уметнички друштва ќе настапат денес а меѓу нив се и  Руското културно уметничко друштво „Славјанка“, Културно уметничко друштво „Искрици“ од Благоевград, Р.Бугарија. Настанот продолжува со настап на домашната група Група „Штекици“ од Берово. Во вечерните часови ќе се одржи фестивалот на детски песни „Поточиња“, а пото следува главната програма со настап на Дувачки оркестар „Dejan Petrovic Big Band“ од Р.Србија, концерт на Милица Тодоровиќ и настап на Dj Doomloaf, информираат од Општина Пехчево.

Како и секоја година така и сега на Етно саемот „Пехчевски Павловден” производителите од регионот ќе ги претстават своите рачни изработки. Традиционално и годинава за сите гости бесплатно ќр се служи црковен ручек во црквата Св.Петар и Павле.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе