Штип, 27.04.2017
- Треба да се знае дека во времето од 13 до 13,45 часот, секој работен ден, во овој дел од центарот на Штип постојано има сообраќајни проблеми, а сообраќајна полиција нема квалитетно да го регулира протокот на возила.
Денес околу 13,20 часот, кај мостот Брилијант на донаторот Мите Николов, се создаде голема, неописива гужва од моторни возила. Половина час што нервозни што колку-толку спокојни возачи чекаа гужвата да се расчисти. Во тоа време сообраќајна полиција немаше на тоа место.
Подоцна се дозна дека некој возач погрешно го паркирал автомобилот па автобус полн со патници не можел да помине. Од двете коловозни ленти на двете страни на реката Отиња голем број возила останаа заробени. Дел од нивните возачи без прекин свиреа во надеж дека така надлежните, во случајов полицијата, ќе успее да го реши проблемот.
По половина час на местото на настанот се појави сообраќајна полиција и за само 5 минути гужвата се реши.
Треба да се знае дека во времето од 13 до 13,45 часот, секој работен ден, во овој дел од центарот на Штип постојано има сообраќајни проблеми, а сообраќајна полиција нема квалитетно да го регулира протокот на возила. Наш предлог е во тој период на тоа место да има најмалку двајца полицијаци кои ќе го регулираат сообраќајот со што ќе се избегнат сите несакани последици. Со оглед на фактот дека по двете улици од левата и од десната страна на реката Отиња сообраќаат и возилата на итната медицинска помош од целиот регион, неопходно е овој проблем да се реши час побргу.
Исток прес донесува неколку фотографии од денешната сообраќајна тортура во центарот на градот.